Вонредна седница на Советот на општина Василево

Вчера,  Советот на општина Василево одржа Вонредна седница на чиј дневен ред беа четири Предлог-одлуки кои се однесуваат на аплицирање на предлог-проекти од страна на општина Василево по Јавните повици објавени од државните институции. Оправданоста за итноста на седницата ја образложи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој рече дека е поради почитување на роковите за поднесување на апликациите по распишаните јавни повици.

Советниците имаа усогласен став и едногласно ги прифатија сите предлози кои се однесуваат на обезбедување сопствено учество на општина Василево во три различни проекти. Проектот за реконструкција на улица во с. Василево од мал парк „Методиј Митев“ до клучка за с. Пиперево и с. Добрејци општината ќе го аплицира до БРР (Бирото за регионален развој) преку Програмата за рамномерен регионален развој  за 2023 година  и тоа во однос на Проекти за развој на села и  Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби. Сопственото учество на општина Василево во реализацијата на овој проект би  било 21% од вкупната  вредност на проектот.

Едногласно беше усвоена и предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево во проект за изградба на дел од канализационен систем во с. Василево, за  кој општината ќе достави апликација до МТВ (Министерството за транспорт и врски) во рамки на Јавниот повик за 2023 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Советниците беа усогласени и по последната точка од дневниот ред на денешната Вонредна седница, која се однесува на сопствено учество на општина Василево во проектот „Изградба на фекален канализационен систем за с. Ангелци- крак 15, чија апликација ќе биде доставена по Јавен повик објавен од Министерството за локална самоуправа.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail