Денес, со почеток во 08,00 часот, во просториите на општина Василево, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневниот ред: Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проектот за партерно уредување на училишниот двор во ООУ „Гоце Делчев“, ПУ с. Ангелци.
Советниците имаа усогласен став и едногласно го усвоија предлогот со кој дадоа согласност општината, со сопствени средства, во висина од 21% од вкупната вредност на проектот, да учествува во неговата реализација.
За остатокот од средствата, општина Василево ќе достави своја апликација до Министерството за локална самоуправа по Јавниот повик за Предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2023 година.
Општинското учество од 21% ќе биде обезбедено од Буџетот на општина Василево за 2023 година.





