Во понеделник, 15.04.2019 година со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница со единствена точка на дневен ред: Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за регулација на канал во с. Градашорци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





