Денес, 10.02.2015 год. со почеток во 15,30 часот, Советот на општина Василево ќе одржи вонредна Седница на чиј дневен ред се две точки:
- Предлог-одлука за учество на општина Василево во предлог-проектот поднесен до Бирото за регионален развој за изградба на парк на влез во с. Василево и
- Предлог-одлука за учество на општина Василево во предлог-проектот поднесен до Бирото за регионален развој за изградба на парк во с. Градошорци.
Седницата ќе се одржи во Салата на советот во просториите на Домот на културата во Василево.





