Под покровителство на општина Василево, во понеделник на 29.05.2019 година ќе се одржи натпревар на влечење трупец со коњ. Се работи за дрвен трупец со дијаметар од околу 1,5 м. и должина од 6 метри. Победник ќе биде коњот кој ќе помине најголемо растојание влечејќи го трупецот.
Почетокот на натпреварот е во 09,00 часот а стартната позиција е кај големото фудбалско игралиште во Василево.
За најуспешните обезбедени се парични награди.
За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат кај организатаорот на телефонскиот број: 070 763 022





