Денес во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, ОО на Црвениот крст од Струмица и Центарот за трансфузиона медицина во соработка и поддршка на општина Василево спроведоа хуманитарна акција на доброволно дарување на крв. Вработените во локалната самоуправа и останатите граѓани на општината и овој пат ја покажаа својата хуманост на дело. Резултат на успешниот одзив на денешната акција се 25-те крвни единици кои несомнено ќе помогнат во спасувањето на нечии животи.
Акцијата се реализираше во периодот од 09,00 до 14,00 часот.





