Денес во просториите на општина Василево, ОО на Црвениот крст од Струмица и Центарот за трансфузиона медицина во соработка и поддршка на општина Василево спроведоа хуманитарна акција на доброволно дарување на крв. Собрани се десетина крвни единици, бројка која со оглед на временските услови односно високите температури е во рамки на очекувањата.
Вообичаено за ваквите организирани акции и овојпат во акцијата се вклучија вработените во детската градинка, општина Василево и ЈПКД „Турија“.
Акцијата се реализираше во периодот од 8,30 до 14,00 часот.





