Во Висока Маала се чистеше на повеќе локации

Општина Василево во континуитет на терен спроведува комуналните активности на отстранување на диви депонии, расчистување на јавни површини и  рамнење на селски улици низ населените места на општината. Висока Маала е населено место во кое вчера  на терен беше активна механизацијата на ЈПКД „Турија“ , во решавање токму на вакви прашања, односно отстранување на отпад и подобрување на состојбата на селските земјени патишта.

„Исчистена е една од дивите депонии во населеното место Висока Маала. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во Висока Маала. Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, напиша по тој повод градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој упати апел со личен пример да бидеме градители на подобра заедница.

1

2 3 4

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail