Во Едрениково одржани Гурѓовденските средби

„Традицијата продолжува одбележани традиционалните ѓурговденски средби во Едрениково, пред големиот христијански празник Ѓурѓовден“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој присуствуваше на манифестацијата Ѓурѓовденски средби  во с. Едрениково.

Оваа Манифестација е традиционална и за прв пат е организирана во 2015 година.  Се одржува во дворот на црквата Св. Ѓорѓи во с. Едрениково, во предвечерјето на  празникот  Ѓурѓоведен. Најавувајќи го празникот, на  посетители и верниците им нуди неколку часовно дружење во духот на македонската традиција, со македонски песни и ора од нашиот македонски фолклор.

Манифестацијата се одржува со финансиска поддршка и под покровителство на општина Василево. Истата е планирана со општинската Програма за спорт, рекреација и манифестации за 2023 година.

„Го празнуваме будењето на природата, на животот и новата пролет,новата надеж. Нека ни е за многу години празникот“, напиша во својата објава градоначалникот Андонов, кој за празникот Ѓурѓовден присустуваше и на народниот собир во манастирот Св. Ѓорѓи во с. Дукатино.

1_576x768 2_576x768 3_576x768 5_576x768 10_432x768 14_576x768

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail