Во населеното место Василево активно се работи на три проекти

Локалната самоуправа Василево, деновиве во населеното место Василево активно  работи на трите тековни проекти: Реконструкција на Домот на културата, Изградба на крак од фекална канализација и изградба односно целосна реконструкција на спортското игралиште  на  ООУ „Гоце Делчев“.

Тековно на Домот на културата се одвиваат завршните работи на неговата надворешност, односно финализирање на активностите за обнова на фасадата. Целосно е готов покривот, кој беше целосно сменет, како и  столаријата, а во следниот период ќе се финализираат и планираните активности во внатрешноста на објектот, со што истиот како мултифункционален објект ќе биде ставен во функција. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 700 000 денари од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој,  а остатокот, со Одлука на Советот на општина Василево, од општинската каса.

Со планираната динамика се одвива и изградбата на кракот од фекалната канализација. Во оваа фаза, согласно проектната документација и обезбедените средства, ќе бидат изградени 753 метри. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 3 257 961 денари. Овие  средства општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи.

Третиот проект на кој  активно се работи е игралиштето на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, односно неговата целосна реконструкција. По асфалтирањето на подлогата, деновиве беше нанесена акрилна боја, специјална за ваков вид на објекти, а тековно се работи на монтирање на спортските реквизити: стативи и кошеви по стандардите на ИХВ и ФИБА. Ќе следува изградба на трибини, заштитна мрежа и урбана опрема.   Средствата за реализација на овој проект, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесуваат 4.919.004 денари, и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

Во Василево деновиве  се работеше и на патната инфраструктура. Тампониран беше полскиот пат Широк пат, кој за земјоделците кои имаат ниви во овој дел од полето претставува решавање на крупен проблем и стварање подобри услови неопходни за нормално одвивање на секојдневните земјоделски активности.

Во периодот што следува,  во населеното место Василево, локалната самоуправа ќе започне со изградба на уште еден крак од фекалната канализација, К3 за кој општината веќе има обезбедено средства.

DSC_0798_1024x681 DSC_0803_1024x681 DSC_0808_1024x681 DSC_0812_1024x681 DSC_0815_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail