Во недела, 28.05 2017 година, во организација на ПАЕК „Маратон“ од Струмица и под покровителство на општина Василево ќе се одржи традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“. Организаторите и покровителот упатуваат покана за учество до заинтересираните граѓани.
Согласно Програмата на организаторот поаѓањето од Струмица е во 07.00 часот од пред ТЦ „Глобал“ со обезбеден превоз.
Во 07,30 часот учесниците се собираат пред брана Турија, од каде во 07,45 ч. се тргнува кон с. Нивичино. Маршрутата на движење е следна: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. Пристигањето во с. Нивичино е планирано за околу 12,00 часот каде за сите учесници е обезбеден заеднички ручек. Секој учесник задолжително треба да си понесе прибор за јадење и вода за пиење.
Враќањето кон брана Турија е планирано за 14,30 часот.
Заради успешна организација на маршот, заинтересираните учесници своето присуство треба да го најават кај организаторот, на телефонскиот број 071 253 203, најдоцна до 25.05. 2017 година.





