Во Новаа Маала, се гради платото пред Домот на културата

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес на терен, направи увид во градежните активности кои се одвиваат во населеното место Нова Маала, каде се работи на изградба односно партерно уредување на плато пред Домот на културата. Согасно проектнната Документација планирано е бетонирање и поплочување на платото, со организиран паркинг простор, поставување на урбана опрема,  клупи и корпи за отпадоци, фонтана за вода за пиење, летниковци и  детски реквизити, како и хортикултурно уредување. „ Со реализација на активностите планирани со овој проект, ликот на населеното место Нова Маала, целосно ќе се промени“, изјави градоначалникот Андонов, задоволен од текот и динамиката со која се одвиваат активностите.

Согласно Договорот со компанијата изведувач,  Универзал градба, вкупниот Буџет за реализација на овој проект изнесуваат 4 354 339 денари.  Дел од средствата, во висина од 3.822.674 денари општината ги обезбеди од  Бирото за регионален развој преку  Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, а остатокот се од општинскиот Буџет.

Со уредувањето на овој простор ќе се зголеми и функционалноста на Домот на културата со зголемување на можностите за организирање на настани како од затворен, така и од отворен тип а целиот простор ќе биде  функционално,  плански осмислено и урбано уредено катче.

Планираните активности комплетно треба да бидат завршени до крајот на месец септември оваа година.

DSC_0295_1024x681 DSC_0298_1024x681 DSC_0299_1024x681 DSC_0303_1024x681 DSC_0313_1024x681 DSC_0314_1024x681 DSC_0316_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail