Во населеното место Нова Маала во тек е подготовка на теренот за асфалтирање на улицата што води кон гробиштата. Улицата е со должина од 240 метри и ширина од околу 3,5 метри. Вкупниот планиран Буџет за нејзина изградба изнесува околу 950 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.
Како што информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев , преку ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, приоритет за оваа улица имаат дадено граѓаните од ова населено место на една од средбите кои градоначалникот ги има одржано со месното население. Улицата е од Програмата за 2020 година, а изведувач на работите на терен е компанијата Пешо Инженеринг.
Јанев ја најави и реконструкцијата на главниот пат од влезот во населеното место до училиштето, која е дел од Програмата за 2021 година.





