Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во населеното место Нова Маала, присуствуваше на бетонирањето на повеќенаменскиот објект кој се гради во партнерство со Турската владина агенција ТИКА.
Просторот на кој се гради е лоциран веднаш наспроти џамијата. На површина од околу 410 м2 ќе бидат поставени различни реквизити кои на граѓаните од ова населено место ќе им овозможат задоволување на повеќе потреби од културен, спортски и социјален карактер.
Дел од просторот е наменет за бина, а на останатиот ќе бидат поставени кошеви, лулашки, лизгалки и клацкалки.
Планирано е поставување и на четири клупи, како и четири рефлектори со што ќе се овозможи негово користење и во ноќните часови. Целиот објект ќе биде заграден со заштитна ограда.
Уредувањето просторот и изградбата на повеќенамнескиот објек е продолжуввање на успешната соработка што општина Василево ја има со ТИКА, која во изминатиот период во повеќе наврати има реализирано повеќе проекти на територијата на општинса Василево, во населените места во кои живее турско население.





