Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера присуствуваше на официјалниот старт на изградба на кланица – најголема во регионот, која е лоцирана во индустриската зона КО Градашорци, од десната страна на локалниот пат кој води кон населеното место Добрашинци. Својот став за значењето на инвестицијата и придобивките кои ќе ги има општина Василево, градоначалникот Андонов го сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,
„Во Општина Василево ќе се гради кланица со најголем капацитет во регионот, на површина од околу 3800 м2. Горд сум за оваа втора голема инвестиција во мојот мандат, после изградбата на поликлиниката токму во овој дел на Василево. Денес со Саво Василев, сопственикот на Кланица Василеви, го означивме почетокот на изградба на кланица која ќе биде по најсовремени стандари, со ставање камен-темелник. Кланицата се гради на територијата на општина Василево, од десната страна на локалниот пат кој води кон населеното место Добрашинци. Задоволството е посебно, што кланицата од таков калибар ќе се гради токму на територијата на нашата општина Василево. Изградбата на овој објект ќе има огромен бенефит за нас како општина и за локалниот економски развој. Посакуваме брза изградба и многу задоволни клиенти. Јас, како градоначалник сум горд, што инвеститорот ја препозна општина Василево како соодветна за инвестирање. Со тоа се потврдија сите наши политики и чекори кои ги преземаме за локален економски развој , како исправни“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот.





