Во Пиперево, средба со граѓаните за креирање на Буџетот

Синоќа, градоначалникот на општина Василево  беше на средба со сограѓаните во населеното место Пиперево, каде во рамки на планирањето на Буџетот на општина Василево разговарано е за приоритните активности и проекти за наредната 2026 година.
Доизградба на системот за фекална канализација во Пиперево, доизградба на главната улица и реконструкција на соблекувалната на фудбалското игралиште, се проектите предложени од  жителите на Пиперево, за кои сметаат дека треба да се обезбердат средства со Буџетот за наредната година и секако да бидат реализирани.
Информација и фотографии од средбата сподели и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.  „Бевме во Пиперево, каде што повторно разговаравме отворено со жителите за приоритетите и потребите на селото. Секој предлог, секоја идеја и секоја забелешка се важни – затоа што буџетот го правиме транспарентно и заедно, онака како што заслужуваат нашите граѓани. Само така можеме да донесеме реални и правилни одлуки, насочени кон подобрување на квалитетот на живот и развој на целата општина. Продолжуваме со истата посветеност – близу до луѓето, заедно со луѓето“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот, https://www.facebook.com/vasilevo24.
На средбата со жителите на Пиперево присуствуваа и Претседателот на општинскиот совет, Миле Митевски, директорот на АД Водостопанство-подружница Струмичко поле, Томе Спасов и директорот на АД за стопанисување станбен и деловен простор – Струмица, Зоран Трајков.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail