Во понеделник, 03.11.2025 година, со почеток во 10,00 часот, во просториите на Дом,от на културата во Василево ќе се одржи Конститутивна седница на новиот Совет на општина Василево.
На дневен ред на Седницата се следниве пет точки:
- Предлог-решение за избор на Претседател и членови на верификационата комисија;
- Предлог-одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот на општина Василево;
- Птредлог-одлука за прифаќање на дадената и потпишување свечена изјава на членовите на Советот на општина Василево;
- Предлог-решение за избор на Претседател за Советот на општин Василево;
- Предлог решение за избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Согласно Законот за локана самоуправа, седницата е свикана од досегашниот претседател на Советот, Ристо Делијанов, кој истата ќе ја води до изборот на новиот претседател.