Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во населеното место Радичево, направи увид во стартот на градежните активности на улицата која води кон црквата „Св. Илија“.
Улицата се гради во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), кои го обезбедија Буџетот за реализација на овој проект и согласно Законот за Јавни набавки ја спроведоа постапката за избор на компанија изведувач на градежните активности на терен.
Должината на оваа улица која претставува поврзување на црквата и гробиштата со постојната главна улица, изнесува 327 метри, ширината е 3 метри или околу 990 м2 асфалт. Одводнувањето, според информација од изведувачот ќе биде решено со риголи со што ќе се заштити асфалтот како и околните површини од неконтролираното излевање на водата во случај на обиолни врнежи.
Вкупниот Буџет согласно Договорт со изведувачот изнесува 2 196 616 денари.
Рокот за комплетна изградба на улицата изнесува 6 месеци.
Изведувач на работите на терен е градежната компанија Бони интерградба.





