Во населеното место Радичево завршија активностите на асфалтирање на повеќенаменското игралиште, како една од планираните активности од неговата целосна реконструкција. Игралиштето за прв пат беше изградено во 2011 година и тековно се работи на негова целосна реконструкција и враќање во функција. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ https://www.facebook.com/vasilevo24 напиша: „Асфалтирано повеќенаменското игралиште во Радичево. Радичево добива квалитетно место за рекреирање. Во наредниот период ќе се постави ограда, кошеви и стативи! Важноста на проектот е уште поголема, имајќи во предвид дека игралиштето е во дворот на училиштето и истото ќе го користат најмногу учениците. Го менуваме ликот на Општина Василево“. Игралиштето е лоцирано во училишниот двор и примарно се користи за активностите на учениците во делот на спортот и физичкото образование.
Согласно тендерската документација, игралиштето ќе биде на површина од 755 м2 од кои 718 м2 ќе бидат асфалтна подлога, оградено со четириметарска жичана мрежа, обележано и со опремено со нови кошеви. Средствата за оваа реконструкција изнесуваат 1 696 646 денари и истите се обезбедени од општинската каса.





