Денес во населеното место Радичево, се асфалтираше улицата која води кон црквата Св. Илија. Овој проект општина Василево го реализраше во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од чија страна беше обезбеден Буџетот и спроведена комплетната тендерска постапка за избор на компанија изведувач на градежните работи на терен.
Улицата е во должина од 327 метри и ширина од околу 3 метри. Заштитата од атмосферските води е решена со риголи. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 2 196 616 денари. Изведувач на работите на тертен е градежната компанија Бони интерградба.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со својот тим и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Ѓоко Камчев, го следеа текот на денешните активности. „ Денес сме во Радичево, каде на задоволство на граѓаните на ова населено место, ја финализираме изградбата на оваа одамна ветувана улица, која води кон црквата Св. Илија – селскиот храм во кој жителите од Радичево ги спроведуваат сите верски обреди. Денешното асфалтирање е потврда дека ветувањата не се празни зборови, туку сериозно сватени обврски кои ги реализраме. За значењето на улицата нема да зборувам – тоа го оставам на жителите чиј бенефит ќе го почувствуваа“, изјави градоначалникот Андонов, во врска со денешното асфалтирање на улицата во с. Радичево.





