Среда, 18 јуни 2025 година, на територијата на општина Василево, во претпладневните часови ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, а во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот, ќе се изврши теристична дезинсекција против комарци (од земја).
Дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин.
Апел до пчеларите: Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.
Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.





