Во Сушево, општината гради три улици

„Го менуваме ликот на Општина Василево“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  https://www.facebook.com/o.vasilevo, каде ја споделува информацијата за тековните градежни активности во населеното место Сушево.
„Нова реализација на проекти. Во Сушево подготовка за асфалтирање на три улици: улицата кај Блаже Андонов; улицата кај Стојан Веселинов; улицата кај Гоце Атанасов. Конечно после долги години очекувања на граѓаните, од оваа населено место овие улици ќе бидат целосно уредени. Во наредниот период, ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево!“, стои во објавата споделена на социјалните медиуми.
Тековно се работи на земјените, подготвителни активности, по што во континуитет ќе следува финалната фаза односно асфалтирањето.
Според податоците од тендерската објава и техничката документација, во Сушево ќе се асфалтираат вкупно 1075 метри квадратни, односно три улици со  од 117, 105 и 80 метри и  ширина околу 3,5 метри.
Вкупниот Буџет за изградбата на овие три улици  изнесува 1 608 054 денари, обезбедени од Буџетот на општина Василево.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail