Викендов, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и најблиските соработници, во Чанаклија, низ разговор и дебата со жителите од ова населено место ги дефинирале најприоритетните проекти кои ќе бидат набрзо реализирани. Како што информира градоначалникот преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, потврдени се сработените и реализирани проекти но договорени се и идните со кои се подобрува животот на овие граѓани.
„Во Чанаклија заедно со народот, го потврдивме сработеното досега и ги дефиниравме идните приоритети. Досега ги реализиравме следните проекти: Го решивме долгогодишниот проблем со влезот во Чанаклија и истиот е асфалтиран; Асфалтирана е улицата до католичката црква; Асфалтирана е улицата кај Славе Илиев; Изградено е повеќенаменско игралиште, во наредниот период ќе се постави и ограда; Изграден е парк на центарот во Чанаклија“, стои во објавата во која се прецизирани и идните проекти а тоа се: асфалтирање на три улици, проект за реконструкција на главната улица во Чанаклија и основен проект за патот Чанаклија – Хамзали.





