Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, ја сподели информацијата за асфалтирањето на втората фаза од локалниот пат што води кон село Добрашинци и притоа најави дека целосното асфалтирање ќе биде завршено во наредните денови.
„Денес се асфалтираше втората фаза од локалниот пат на потегот од крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на с. Добрашинци во должина од 1,3 километари. Очекуваме наредните денови да заврши целосното асфалтирање на овој патен правец. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од населените места Добрашинци, Нова Маала, Висока Маала и Чанаклија. Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за поубаво Василево“, напиша градоначалникот Андонов.
Изградбата,односно целосната реконструкција на овој локален пат започна пред неполни три месеци, односно на крајот од месец октомври, https://opstinavasilevo.gov.mk/?p=14771, a реализицајаta, според динамиката со која се одвиваат активностите на терен, се очекува да биде наредните денови.
Вкупната должина изнесува 1320 метри, ширината e околу 6 метри а вкупниот Буџет за негова реализцаија е околу 16 000 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.





