Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, преку фотографи, сподели информација за уреденоста и подготвеноста на теренот на големот фудбалско игралиште во с. Василево што е резултат на успешната соработка помеѓу општина Василево, ФК Академија Христов и ФК Академија Нови таленти од Василево.
„Прекрасен теренот на големото фудбалско игралиште во Василево. Ваков терен заслужува игралиштето во Василево. Со финансиски средства и материјали од општина Василево а во соработка со ФК Академија Христов од Василево и ФК Академија Нови Таленти игралиштето го доби посакуваниот изглед“, стои во објавата на Градоначалникот, кој ветува континуитет во соработката и поддршката и во наредниот период.
„Општината Василево и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат на спортските терени. Спортистите и спортските клубови во Општина Василево ќе имаат секогаш партнер“, дециден е градоначалникот Андонов.





