Од денес локалната патна инфраструктура на населеното место Градашорци е побогата со две ново-асфалтирани улици. Една во должина од 180 и друга од 120 метри се двете улици од годинешната Програма за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа, чија реализација започна претходната недела. Улиците се со ширина од 3,5 до 4,0 метри која варира во зависност од условите на терен.
Вкупниот буџет за двете улици изнесува околу 1 400 000 денари односно околу 650 000 денари за улицата од 120 метри и околу 750 000 денари за улицата од 180 метри.Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Реализацијата на Програмата за локални патишта и улица, согласно динамичкиот план продолжува и во наредниот период. Следна за асфалтирање е улицата во населеното место Седларци, по што следуваат и останатите од планираните, односно улици во населените места Сушево, Висока Маала, Василево и Пиперево.





