Градежни активности на улица во Василево

Започнаа градежните активности на една од улиците во населното место Василево, планирани со Програмата за изградба, реконструкција,  одржување на локални патишта и улици во општиа Василево за 2024 година. Улицата е лоцирана во т.н Нејкова маала.
На лице место на стартот на градежните активности беше градоначалникот на општина Васиево Славе Андонов, кој информацијата ја сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, каде напиша: „Направивме увид во градежните активности на улица во „НЕЈКОВА МААЛА“ во Василево која е повеќегодишно барање на граѓаните.  Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Уште едно мое ветување станува реалност. По изградбата на фекалната канализација во Василево нема да има неасфалтирана улица“, напиша Андонов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail