Градоначалникот Андонов во посета на семејството Изиров, чија куќа изгоре

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во текот на вчерашниот ден го посети семејството на Бејадин Изиров од с. Василево, чија куќа минатата недела целосно изгоре во пожар.  Ветувајќи помош од страна на општина Василево, Андонов ги повика компаниите и граѓаните да му помогнат на ова семејство да си го обноват домот.
„Денес го посетив семејството на Бејадин Изиров од Василево,чија куќа целосно изгоре и им ветив помош од страна на општина Василево . Пред неколку дена изби пожар во Василево, во кој целосно изгоре семејна куќа . Пред се како човек, секако и како Градоначалник,чувствувам должност и обврска да ги повикам моите сограѓани на солидарност, која во Василево секогаш постоела. Апелирам до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе, да излезат во пресрет и да му помогнат на оваа семејство, на овие наши сограѓани, да си ги обноват својот дом“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,по неговата посета на ова семејство.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail