Градоначалникот Андонов – домаќин на ракометниот репрезентативец Игор Ѓоргиев

Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на ракометниот репрезентативец Игор Ѓоргиев. На средбата која се одржа во кабинетот, Градоначалникот му честиташе на Ѓоргиев за успесите и постигнатите резултаи
„Општина Василево е горда на ракометниот репрезентативец Игор Ѓоргиев. Со огромно задоволство го пречекав во Општина Василево, нашиот сограѓанин – репрезентативец Игор Ѓоргиев, со кого се гордееме.  Неговите фантастични настапи за македонската ракометна репрезентација ги имаме следено со голема еуфорија радувајќи се на секој негов постигнат гол.“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов, притоа посочувајќи го Ѓоргиев како позитивен пример за младите, кои со посветеност и дисциплинирана работа можат да ги постигнат посакуваните резултати.
„Патот кон успехот на ова момче е најдобриот пример и мотив за тоа што еден млад човек треба да направи за да стигне до врвот на успехот. Интензивната и дисциплинирана работа, како и страста кон ракометит ја отворија перспективата на Игор Ѓоргиев.  Му честитав, за покажаниот професионализам и фантастичната форма на ракометните терени, посакувајќи му многу успеси во понатамошната кариера“, стои во ФБ објавата на Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail