Градоначалникот Андонов на народен собир во црквата во Владиевци

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на собирот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населеното место Владиевци, кој се одржува секоја година на крајот од месец ноември а е поврзан со осветувањето на овој храм. Настанот кој меѓу народот е познат како Прослава, се одржува во последните дваесетина година односно од времето кога црквата е осветена и е потсетник и славење токму на денот на нејзиното осветување. Освен жителите од населеното место Владиевци настанот го посетуваат и жители од околните населени места. Од страна на црковниот одбор како организитор за сите присутни се подготвува црковен ручек.
„Црквата од секогаш била душата на нашиот народ, наше древно светилиште и духовна мајка на нашите предци. Нашиот народ од секогаш сакал да работи, да создава и да остава за следните поколенија. Нашата вера и нашата црква, треба да си ги чуваме,треба да си ги негувам“, стои во ФБ објавата на Градоначалникот,  https://www.facebook.com/vasilevo24, каде преку фотографии споделува моменти од вчерашното одбележување.
Вакви слични црковно-народни настани се организираат и во црковните храмови на други населени места на општина Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail