Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, за време на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, ги посети своите сограѓани во населеното место Висока Маала, каде заедно со нив ја сподели радоста на празнувањето упатувајќи им добри желби и со својот личен пример покажувајќи како се гради соживот.
„Денес го минав денот дружејќи се со нашите сограѓани од Висока Маала, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.
Да се почитуваме и да бидеме сплотени за заедно да успееме!
Верските празници го обединуваат народот, го поттикнуваат да ги продолжи вековните традиции и обичаи, со додаток на нови современи содржини.
Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери. Само директната, редовна и двострана комуникација може да создаде систем за брза реакција на проблемите во општината“, напиша по тој повод на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникјот Андонов.





