Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера, оствари средба со амбасадорот на РТурција во РСМакедонија, Хасан Мехмет Секизќок, на која како што информираше градоначалникот Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 , се разговарало за соработка во повеќе области, за историската поврзаност на двете држави а акцент бил ставен и на можностите за инвестиции на турски компании во општина Василево.
„Разговаравме за соработката во областа на образованието ,културата,спортот и инвестициите. На средбата, разговаравме и за историската поврзаност на двете држави. Во овој контекст, беа разгледани и можности за инвестиции на турски компании во општина Василево“. информираше градоначалникот Андонов преку социјалните медиуми.
На средбата во амбасадата на РТурција, присуствуваше и Ридван Мемедов, член во Советот на општина Василево.
Во наредниот период, општина Василево очекува да биде домаќин на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, кој ветил дека набрзо ќе ја посети општината.





