Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, ги започна средбите со граѓаните по населените места за планирање и креирање на Буџетот на општина Василево за 2026 година.
Според планот за средби и посети низ населените места, синоќа е одржана средба со жителите на населеното место Нова Маала.
Во понеделник, на први декември (01.12.2025), планирана е средба со жителите на Радичево, која ќе се одржи во просториите на подрчното училиште „Гоце Делчев“ со почеток во 19, 00 часот. Во среда, на 03. 12. 2025 година, планирана е средба со жителите на Пиперево. Почетокот ќе биде во 19,00 часот а ќе се одржи во просториите ма Месната заедница.
„БУЏЕТОТ ГО КРЕИРАМЕ ЗАЕДНО! Транспарентно, одговорно и во интерес на секој граѓанин. Во Општина Василево, процесот на планирање на буџетот е целосно отворен – ги слушаме вашите идеи, предлози и приоритети, затоа што најдобро знаете што е најпотребно во вашата улица, маало и населено место. Нашата цел е секој денар да биде мудро вложен – во инфраструктура, образование, комунални услуги, развој и подобар живот за сите. Одговорноста кон граѓаните е наша највисока обврска. Заедно го градиме Василево – модерен, уреден и уште подобар дом за сите“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, во врска со актуелните средби со граѓани за планирање на Буџетот за наредната 2026 година.
Во насока на транспарентност и сеопфатна вклученост на граѓаните во планирањето на Буџетот и развојот на општината, општина Василево, на својата веб страна, креираше и посебна алатка за учество на граѓаните во споменатиот процес. На следниот линк, https://opstinavasilevo.gov.mk/%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be-2/, сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите предлози и идеи за проекти за наредната година. Учеството во креирањето на Буџетот е учество во креирањето на иднината на општина Василево.
Градоначалникот Андонов на средби со граѓаните за креирање на Буџетот за 2026
