Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели видео информација од средбата и дружењето со младите фудбалери на ФК „Академија Христов“, за време на нивниот тренинг.
„Прекрасно поминато време со младите и надежни таленти на ФК „Академија Христов“ од Василево и ФК Таленти. Ја имав честа да се дружам со младите фудбалери- членови на ФК Академија Христов на фудбалскиот стадион во Василево. Им посакав успешен старт во детската лига и меѓу другото им посочив, дека општината Василево и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат на спортските терени. Спортистите и спортските клубови во Општина Василево ќе имаат секогаш партнер“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Во насока на практична поддршка на спортот и спортските клубови, беше и Одлуката на Советот на општина Василево на последната седница, кога едногласно одлучија финансиски да го поддржат работењето на ФК „Академија Христов“.
Градоначалникот Андонов на „тренинг“ со фудбалерите на ФК Академија Христов



