Градоначалникот Андонов, премиерот Мицкоски и министерот Перински на Рамазан Бајрам кај Демови во Василево

Во текот на официјалната посета на општина Василево на премиерот Мицкоски и  министерот Перински  која се совпадна со празнувањето на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам,   заедно градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  во духот на заедништвото, традицијата и соживотот  меѓу сите заедници во општина Василево,  беа гости во домот на семејството Демови, каде си упатија желби за добро здравје, мир и благосостојба. Споделувајќи ја информацијата преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов напиша:
„Прославата на празниците со најблиските, соседите, сограѓаните од различни националности е долгогодишна традиција во Василево. Така е одсекогаш и во моето маало во Василево со моите сограѓани Турци. Кај мојот пријател, домаќин, Ajhan Demov во Василево бевме со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Во духот на заедништвото, соживотот и почитта, со луѓето со кои ги делиме и радостите и предизвиците. Нека е честит празникот, со мир, здравје и благосостојба во секој дом“.

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail