Градоначалникот Андонов, присуствуваше на литијата на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница

Во саботата, 26.04.2025 година градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, присуствуваше на свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопшослушничка.
„Нека Пресвета Богородица ни донесе мир и благосостојба во душата, неизмерна љубов во нас и околу нас, здравје, верба, надеж и среќа“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Литијата ја организараше Струмичката Православна Епархија.
Оваа икона е копија на оригиналната чудотворна икона која се наоѓа во светогоркиот манастир Дохијар. ВоСтрумица иконата се наоѓа во црквата Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail