Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, заради гаснењето на пожарот над населеното место Требичино, официјално, со службен допис до РЦУК – Струмица побара асистенција од хеликоптер за негово гаснење.
Како што стои во Барањето, пожарот е на непристапен терен поради што се исклучени другите форми на интервенција а дополнително постои и опасност од негово проширување кон населеното место.
Градоначалникот Андонов во контунитет, на терен ја следи состојбата, и очекува со навремена интервенција истиот да боде локализиран.





