Градоначалникот на општина Василево на Велигден во Сушево, гостин на фолклорниот фестивал

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, беше во населеното место Сушево, каде се поклони во црквата  „Св. Димитриј“ и  заедно со жителите од ова населено место присуствуваше на празнувањето  на големиот празник.

Андонов беше гостин и на фолклорниот фестивал што се одржа токму на Велигден, во рганизација на КУД „Сушевски бисери“ од Сушево.

„Среќен сум што народот од овој дел на општина Василево со организација на најразлични активности го чествува Велигден. Се додека живее традицијата ќе живее и нашата мила Македонија. Позитивна и весела атмосфера на фолклорниот фестивал по повод Велигден, организиран од КУД  ,,Сушевски бисери” . Најмладите се преставија во одлично издание. КУД ,,Сушевски бисери” со вакви млади членови, има светла иднина. Македонската традиција, ќе продолжиме да ја негуваме и заедно ќе уживаме во играта и песната на овие талентирани млади луѓе“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

11_576x768 7_496x768 5_576x768

6_1024x576 7_1024x576 10_1024x576


Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail