Градоначалникот на општина Василево во работна посета на општини во Република Турција

„Денес бев во работна посета на Општина Умраније, Република Турција, каде на мое огромно задоволство се сретнав со градоначалникот Исмет Јилдирим и со, неговиот тим на стручни работници, советници и општинска администрација. Општината е со околу 800.000 жители. Во оваа општина живеат многу наши иселеници. Општина Умраније ќе донира детски забавен парк за нашите најмлади граѓани. Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици со светската криза, скапата цена на горивата и електричната енергија , кои се нашите сличности а што е она што не разликува како локални самоуправи.  Им благодариме на домаќините за одличниот дочек и целосното внимание кое ни го приредија. Општина Василево ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со неговата посета на општини во Р.Турција.

2 3 4 5

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail