Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод празникот Рамазан Бајрам, за своите сограѓани од муслиманска вероисповед организираше Ифтарска вечера. Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, упати порака со добри желби за соживот, меѓусебно почитување и толеранција како темели на напредокот
„Рамазанските денови се денови на добрина, солидарност и обединување помеѓу луѓето.
Така помина и ифтарската вечера организирана за пријателите од исламска вероисповед – во духот на меѓусебната почит и разбирање, во една пријатна атмосфера испраќајќи силна порака за соживот и толеранција, за напредок. Да се почитуваме и да бидеме сплотени за заедно да успееме во нашата мисија – силна и развиена општина и просперитетна Македонија!
Да сте здрави и живи и со радост да го дочекате празникот! Ми беше чест да присуствувам!
На Ифтарската вечера присуствуваше и претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач.





