Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, присуствуваше на средбата на градежниците во манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса.
Градоначалникот им го честиташе празникот со желби за успех во нивната работа , притоа упатувајќи им порака „да ни ја направат убава општината и Република Македонија“.
Свети Апостол Тома е заштитникот на градежните работници и по тој повод традиционално, градежниците од поширокиот струмички регион се собираат во манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса каде го чествуваат својот патрон и заштитник.





