Градоначалникот на општина Василево на средба со жителите на с.Едрениково

Градоначалникот на општина Василево, во с. Едрениково оствари средба со тамошните жители на која е разговарано за тековните состојби и потреби на граѓаните но и за идните планови на општината поврзани со ова населено место.
Во информацијата споделена на ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/o.vasilevo, градоначалникот Андонов сподели детали за средбата на која меѓу другото најавена е и  финансиска поддршка на манифестацијата „Ѓурѓовденски средби“, која и годинава ќе се одржи по повод празникот Св.Ѓорѓи кој е  црковна и селска слава   во ова населено место.
„Топло и срдечно бев пречекан од жителите.  Јасно и недвосмислено ми ја кажаа нивната верба за тоа што го правиме. Тоа е мотив и задача за сите нас да сработиме и да се вложиме за најдоброто за Едрениково. За прв пат во Едрениково беа поделени, бесплатно канти за отпадоци на сите домаќинства. Граѓаните искажаа благодарност за поставеното црево со кое   се носи вода до населеното место. Финансиски ќе ја помогнеме и манифестацијата Ѓурѓовденски средби која се одржува во дворот на Црквата св.Ѓорѓи“, стои во ФБ објавата.
На средбата со граѓаните присуствуваше и директорката на ЈПКД „Турија“, Славица Василевска.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail