Градоначалникот на општина Василево на средба со жителите на Пиперево

Синоќа, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со своите сограѓани во населеното место Пиперево, кое завчера беше погодено од силното невреме со град.
Во информацијата за средбата споделена преку ФБ профилот, https://www.facebook.com/vasilevo24, стои дека Советот на општина Василево формира Комисии за процена на штета од елементарната непогода и дека граѓаните во наредните денови ќе можат да поднесуваат барања за процена на штетата.
„Секогаш со своите сограѓани и во добри и во тешки моменти. Советот на општина Василево формира комисии за процена на штети од елементарната непогода. Во наредните денови ќе се поднесуваат барања до Комисијата за процена во општина Василево“, стои во ФБ објавата за средбата во Пиперево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail