Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов присуствуваше на официјалното отварање на Ресурниот центар за поддршка на развојот на општините, настан организиран од Министерството за локална самоуправа.
„За прв пат се креира место кое нуди стручна помош, совети, алатки и поддршка за поефикасно функционирање на општините. За Општина Василево, овој Ресурсен центар е од посебно значење. Ќе ни овозможи уште поголема професионализација во планирањето, подобрување на развојните политики, подготовка и реализација на проекти од кои директно ќе имаат корист нашите жители“, стои во информацијата што градоначалникот ндонов ја сподели на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
Според изјавата на Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, Ресурниот центар ќе биде точката во која ќе се допираат реалните потреби и предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците и нивно надминување со помош на експертско знаење, во правец и насока на тековното работење. Ресурсниот центар ќе биде контакт точка за комуникација помеѓу градоначалниците и општинската администрација и централните институции и централната власт во соработка со донаторската заедница.
Градоначалникот Андонов изразува убеденост во бенефитите од ресурсниот центар кој во пракса би биле видливи преку реализација на повеќе иницијативи и инвестиции кои ќе значат развој за општината.
„Убеден сум дека со неговата поддршка ќе успееме да реализираме уште повеќе иницијативи и инвестиции што ќе ја придвижат општината напред. Продолжуваме да работиме посветено во интерес на граѓаните на Општина Василево“, дециден е Андонов.
На настанот присуствуваше и Премиерот на Владата на Р.Македонија Христијан Мицкоски.
Градоначалникот на општина Василево на отварањето на Ресурниот центар за поддршка на општините



