Градоначалникот на општина Василево ја потпиша Декларација за безбедност во сообраќајот

„Како градоначалник на Општина Василево, ја потпишав Декларацијата за безбедност во сообраќајот на Националната конференција организирана од РСБСП. Ова е уште еден чекор во нашите заложби за побезбедни патишта и поголема одговорност во сообраќајот“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  по повод  потпишување на заедничката декларација на општините за унапредување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со жртви.
Целта на Конференцијата, прва од ваков вид, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  е поттикнување на размена на знаења, добри практики и поефикасна меѓуинституционална координација заради побезбеден сообраќај за сите учесници.
Изразувајќи благодарност до претставниците на Владата, МВР и РСБСП за поддршката и партнерството, градоначалникот Андонов упатува јасна порака до сите учесници во сообраќајот: „почитувањето на правилата спасува животи, а секој од нас има улога во создавањето безбедни улици за нашите деца и граѓани. Апелираме до сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и институции – да покажеме поголема внимателност и дисциплина. Безбедноста не е статистика, туку човечки животи.За посигурно Василево. За нашите семејства. За иднината“, порачува Андонов.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail