Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа одржа средба со жителите на населеното место Едрениково, за која детали сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24
„Вечерва бев во Едрениково. Топло и срдечно бев пречекан од жителите. Јасно и недвосмислено ми ја кажаа нивната верба за тоа што го правиме. Тоа е мотив и задача за сите нас да сработиме и да се вложиме за најдоброто за Едрениково. Наредниот месец ќе се асфалтира улица во Едрениково, ветена пред граѓаните и истата е дел од мојата програма.
Општина Василево ќе помогне финансиски, во уредувањето на бината во црквата св.Ѓорѓи.
Финансиски ќе ја помогнеме и манифестацијата Ѓурѓовденски средби која се одржува во дворот на Црквата Св.Ѓорѓи“.





