Градоначалникот на средба со граѓаните на с. Дукатино

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов со дел од своите соработници,  викендов оствари  средба со жителите на населеното место Дукатино. На средбата,  според информацијата споделена на  неговиот на ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  разговарано е за потребите на граѓаните во  ова населено место, кои преточени во проекти ќе бидат реализирани во наредниот период, а направена е и ретроспектива на реализираното во изминатиот период:
„Креираме локални политики и создаваме Буџет со проекти, предложени и подржани од граѓаните. Со домаќинско работење реализиравме голем број на проекти. Во Дукатино се асфалтира улицата до манастирот Св.Ѓорги. Во Дукатино се асфалтира уште една улица.
Влезот во училиштето партерно се уреди со бекатон. Во наредниот период ќе се реализираат следните проекти:Ќе заврши изградбата на водоводот во Дукатино наредниот месец.
Општина Василево изготви проект за уредување на речното корито,по што ќе следува асфалтирање на улицата до самото речно корито. Со граѓаните ги утврдивме приоритетите за идната година.“, стои во објавата споделена од Градоначалникот.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail