Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчерашниот ден беше во населеното место Дукатино, каде се одбележуваше денот на осветувањето на црквата Св. Спас.Како верен почитувач на традицијата, прифаќајќи ја поканата од Црковниот одбор им се придружи на жителите од ова населено место и заедно со нив и многубројните гости од околните населенио мести учествуваше во одбележувањето.
По тој повод се обрати преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, каде меѓу другото меѓу другото порача дека останува верен почитувач на мекедонската традиција. „Како од првиот ден,заедно со граѓаните. Со жителите на Дукатино ,но и многу гости од околните населени места на традиционална прослава по повод денот на осветувањето на црквата Св.Спас. Македонската традиција,ќе продолжиме да ја негуваме!“





