Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, ја донираше априлската плата. Имено, согласно јавно даденото ветување, дека наспроти Одлуката на Уставен суд да се укине Владината уредба – функционерите, пратениците, обвинителите, судиите за април и мај да земаат плата од 14 500 денари, тој се откажа од делот од платата над 14 500 и истиот го донираше во Фондот за борба против COVID – 19.
„Јас сум против Одлуката на Уставен, ќе земам минималец а разликата ќе ја уплатам во Државниот фонд за помош“, изјави Јанев по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд за укинување на Владината уредбата, а деновиве ветувањето го реализираше. „Треба да помагаме тогаш кога е потребно и овој мој чин е токму во оваа насока. Сега е време кога е неопходно да бидеме солидарни и секој согласно можностите да даде свој придонес во надминувањето на оваа состојба предизвикана со пандемијата со Коронавирусот, COVID – 19, “ изјави градоначалникот Марјан Јанев во врска со донирањето на својата плата.
„Само заедно, со подадена рака ќе успееме да го надминеме овој тежок период!
Време е за солидарност“, порача Јанев





