Викендов во организација на ЛД „Фазан“ од Василево и со поддршка на општина Василево, по повод завршувањето на ловната ловната сезона се одржа традиционалната ловечка вечер. Дванаесет ловечки пушки, од кои три од општина Василево беа доделени на лотаријата која секоја година е составен дел од ловечката вечер.
Гостин беше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој поздравувајќи ги присутните и честитајќи му на претседателот Томе Шонтевски и новото раководство меѓу другото им вети поддршка од општината и Советот.
„Вечерва чувствувам дека почнува нова ера во работењето и функционирањето на ЛД „Фазан“, нов почеток кој што се надевам треба да биде подобар од претходно. Општина Василево, Советот на општина Василево, секогаш ќе даваат безрезервна поддршка на ловното друштво доколку сите ние видиме искрени намери и вистински луѓе на соодветни места во ловното фдруштво како што е во моментот и ова раководство“, порача градоначалникот Андонов во поздравното обраќање, кое интегрално е споделено е на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.
„Нека ви е честито успешното завршување на ловната сезона . Убеден сум дека секоја наредна сезона ќе биде подобра од претходната. Се надевам со подршка на општина Василево ,преку развојот на ловот дека ќе се развива и ловниот туризам во нашата општина“, стои во ФБ објавата на градоначалникопт Андонов.





